Јувентус го доби дербито против Лацио

 

Актуелниот шампион Јувентус го доби дерби дуелот со Лацио со 2:0, со што уште еднаш потврди дека во моментов е најдобрата екипа во италијанското фудбалско првенство.

Во натпреварот одигран синоќа во Торино, а во рамките на 31.коло, Јувентус славеше победа над Лацио со 2:0 со головите Тевез (17-минута) и Бонучи (28).

„Старата дама“ сега има 15 бодови повеќе од Лацио кој засега останува на второто место, во исчекување на денешниот исход од мечот меѓу Рома и Аталанта.

Покрај овој натпревар денеска во „Серија А’’ ќе се играат и средбите: Сасуоло – Торино, Киево – Удинезе, Емполи – Парма, Палермо – Џенова, Каљари – Наполи и Интер – Милан.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот Фиорентина – Верона.

Табела: Јувентус 73 бодови, Лацио 58, Рома 57 (-1 натпревар помалку), Наполи 50 (-1), Сампдорија 50, Фиорентина 49 (-1)

 

 

Оцени ја веста

19.04.2015 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега