Реал го одржува чекорот со Барселона
Со победата над Малага, екипата на Реал Мадрид го одржува чекорот зад водечката Барселона во трката за шампионскиот трофеј во шпанската Примера.
Реал синоќа пред својата публика ја победи Малага со 3:1, во натпревар од 32.коло. Стрелци на головите за „Кралевите’’ беа: Серхио Рамос, Кристијано Роналдо и Хамес Родригез. Со новите бодови, Реал останува на негатива од два бода зад Барселона која беше подобра од Валенсија со 2:0.
Но, на овој натпревар, Реал го загуби хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ кој поради повреда на коленото ќе паузира шест седмици.
Погодокот на Кристијано Роналдо беше 50-ти сезонава во дресот на Реал со што Португалецот стана единствениот фудбалер на светот кој пет сезони во низа успевал да постигне педесет и повеќе голови.
Успешниот настап на водечкото трио го комплетира и Атлетико Мадрид кој на гости во Ла Коруња го победи Депортиво.
Во последниот меч одигран синоќа Атлетик Билбао го декласира Гетафе со 4:0.
Денеска во Примера ќе се играат четири натпревари: Рајо Ваљекано – Алмерија, Гранада – Севиља, Виљареал – Кордоба и Еибар - Селта Виго, додека колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелот Елче – Сосиедад.
Табела: Барселона 78 бодови, Реал Мадрид 76, Атлетико Мадрид 69, Валенсија 65, Севиља 62 (-1 натпревар помалку), Виљареал 51 (-1), Малага 46.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа