АБА лига: Црвена Звезда поведе со 2:1 во полуфиналето со Партизан
Кошаркарите на Црвена Звезда ја забележаа втората победа против Партизан во полуфиналето на регионалната АБА лига.
На третиот меч од плејофот меѓу „лутите„ белградски ривали одигран синоќа во „Пионир’’ тимот на Црвена Звезда славеше триумф со 95-85 со што поведе со 2:1 во победи во серијата подобар до три.
Првата „меч топка„ за пласман во финалето црвено-белите ќе ја имаат вечерва од 21 часот, за кога е закажан почетокот на четвртиот натпревар.
Во иста ситуација е и црногорската екипа Будуќност, која по вчерашниот беше поразена од Цедевита со 85-57 , но тимот од Подгорица веќе попладнево ќе ја има втората шанса за победа и пласман во финалето.
Дуелот во Загреб ќе започне од 19 часот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа