Металург и Зомимак во ракометниот Куп на Македонија
Екипите на Металург и Зомимак се првите два тима кои обезбедија пласман во полуфиналето на ракометниот куп на Македонија.
Актуелниот првак Металург, кој беше домаќин на четвртата група, најнапред во го совлада Феникс убедливо со 52:14, а потоа во четвртфиналниот меч славеше победа над Радовиш со 31:23.
Во малата сала на СЦ „Јане Сандански’’ каде се играат натпреварите од групата 3, најдобра беше екипата на Зомимак која во осминафиналниот меч го победи Вардар јуниор со 30:23, а потоа беше подобра и од Пелистер со 34:29
Кој ќе биде третиот тим што ќе им се приклучи на Металург и Зомимак во полуфиналето ќе дознаеме денеска. Во групата 2, за место на завршниот турнир ќе играат домаќинот Пролет и втората екипа Металург.
Последниот полуфиналист ќе биде познат по одигрувањето на средбите од групата 1, во која вицепрвакот Вардар е апсолутен фаворит во конкуренција на Борец, Прилеп и Охрид. Натпреварите од оваа група се закажани за вторник и среда, поради настап на црвено-црните во Лигата на шампионите.
Завршниот „Фајналфор’’ турнир ќе се игра на 16 и 17 мај.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа