Работнички по продолжение го победи Кожув

 

Кошаркарите на Работнички во неизвесен натпревар, кој беше решен по дополнителните пет минути, излегоа како победници во дуелот против Кожув.

Во првиот меч од 3.коло во Суперлигата, одигран синоќа во Гевгелија, екипата на Работнички го совлада Кожув со 94:86 по продолжение, откако во регуларниот дел резултатот беше израмнет 79:79.

Дарко Соколов со 21 поен беше најефикасен во победничката екипа на Работнички, за која Чековски и Павковиќ постигнаа по 19 поени, додека кај Кожув најефикасни беа Јанушевиќ со 24, а Шепа постигна 17 поени.

Денеска ќе се играат другите два натпревари од ова коло. Во Куманово, кај истоимената екипа гостува актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, додека составот на Карпош Соколи го пречекува кавадаречки Фени Индустри. 

Двете средби ќе започнат во терминот од 19 часот.

Табела: МЗТ Скопје А. 32 бодови (18 одиграни натпревари), Работнички 30 (19), Фени Индустри 29 (18), Карпош Соколи 27 (16), Кожув 27 (18) и Куманово 26 (16).

 

 

Оцени ја веста

19.04.2015 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега