Барселона по заверка на пласман во полуфиналето на ракометната Лига на шампиони

 

Екипата на Барселона, за која настапува капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, попладнево го игра реванш дуелот против ППД Загреб во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Шпанскиот тим покрај улогата на фаворит и предноста на домашниот терен, денешниот дел против хрватскиот првак ќе го започне и со предност од два гола, обезбедена на првиот меч одигран во Загреб, каде Барселона слеваше со 25:23.

Утре се играат преостанатите три реванш четвртфинални натпревари по кои ќе бидат познати сите четири екипи кои ќе настапат на завршниот „Фајнал фор“ турнирот во Келн на 30 и 31 мај.

Македонскиот вицепрвак Вардар во Полска, против Киелце ќе треба да надополни негатива од два гола, по скопскиот пораз од 22:20. Два гола негатива има и германскиот Кил во дуелот против унгарската екипа ПИК Сегед (29:31), а најнеизвесно се очекува да биде на дуелот Веспрем – ПСЖ, бидејќи првата средба во Париз заврши без победник 24:24.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега