Олимпијакос со „брејк“ кај Барселона

 

Шпанските екипи не успеаја максимално да ја искористат предноста на домашниот терен и да стигнат до втора победа во четвртфиналето на кошаркарската Евролига, пренесува МИА.

За тоа се погрижи екипата на Олимпијакос која синоќа на гостувањето кај Барселона славеше победа со 76:63 и го израмни резултатот на 1:1 во победи.

Претходно, Реал Мадрид не му дозволи на Анадолу Ефес да направи изненадување, иако турскиот тим беше блиску до победа, но на крајот „Кралевите’’ славеа триумф со 90:85, со што поведоа со 2:0 во победи.

Сега серијата, подобар до три победи се сели во Истанбул и Атина, каде во вторник ќе се играат третите натпревари, а доколку е потребно и четвртите.

Потсетување дека домашниот терен беше предност и за екипите на ЦСКА Москва и Фенербахче, кои водат со 2-0 во победи против Макаби и Панатинаикос и за пласман на „фајнал форот“ потребен им е уште еден триумф.

Третите мечеви овие екипи ќе го играат в понеделник, во Тел Авив и Атина.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега