Два дерби дуели во Првата македонска фудбалска лига
- Во Првата македонска фудбалска лига, денеска и утре на програмата се дуелите од 25.коло, кое носи два дерби натпревари.
Во првиот од дерби дуели, кои ќе се играат на арената „Филип Втори’’ во Скопје, попладнево, шампионот Работнички ја пречекува екипата на Шкендија.
Во Прилеп, пак денеска ќе играат двете последно пласирани екипи Пелистер и Тетекс. Двата меча ќе започнат од 16 часот.
Утре, од 15 часот, на програмата е второто дерби, меѓу Вардар и Ренова, додека еден час подоцна ќе започнат средбите, Металург - Брегалница и Хоризонт Турново – Силекс.
Табела: Вардар 55 бодови, Работнички 51, Ренова 42, Шкендија 41, Металург 30, Силекс 30, Хоризонт Турново 28, Брегалница 25, Пелистер 19 и Тетекс 9.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа