Пораз на Олимпик Марсеј на гостувањето кај Нант

 

Екипата на Олимпик Марсеј забележа значајна победа против Нант во првиот меч од 33-то коло на француското фудбалско првенство.

На средбата одиграна синоќа, Олимпик Марсеј кој е во трка за место кое води во Лигата на шампионите следната сезона, како гостин загуби од Нант со 1:0 .

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Серж Гакпе во 20-минута.

По овој пораз Олимпик, им даде шанса на Сент Етијен и Бордо со евентуални победи да го симнат тимот од Марсеј од четвртата позиција.

За денеска закажани се шесте натпревари: Монако - Рен, Ница - Париз Сен Жермен, Мец – Ленс, Лориен – Тулуз, Гингамп – Евијан и Бастија – Ремс.

Утре пак, на програмата се три средби: Лил – Бордо, Монпеље – Кан и Олимпик Лион – Сент Етијен.

Табела: Олимпик Лион 64 бодови, Париз Сен Жермен 62, Монако 58, Олимпик Марсеј 57 (+1), Сент Етијен 56, Бордо 54... 

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега