Без голови на првиот меч од 29-то коло во Бундес лигата
Во првиот натпревар од 29-то коло на германската Бундес лига, одигран синоќа во Франкфурт, екипите на Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах одиграа без победник, но и без постигнат гол 0:0.
Денеска на програмата се шест натпревари: Баер Леверкузен – Хановер, Борусија Дортмунд – Падерборн, Фрајбург – Мајнц, Херта – Келн, Хофенхајм - Баерн Минхен и Аугсбург – Штутгарт.
Утре, покрај дуелот Вердер – Хамбургер, ќе се игра и дербито на колото во кое второпласираниот Волфсбург е домаќин на Шалке кој е на петата позиција на табелата.
Табела: Баерн Минхен 70 бодови, Волфсбург 60, Борусија Менхенгладбах 54 (+1), Баер Леверкузен 51, Шалке 41, Аугсбург 39, Хофенхајм 37, Ајнтрахт 36 (+1)...
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа