Викендов дуели во ракометниот Куп на Македонија за мажи

 

Во ракометниот Куп на Македонија, денеска и утре, ќе се играат натпреварите во три од четирите групи од осмина и четврт-финалната рунда.

Поради настапот на бранител на трофејот од минатата сезона Вардар, кој утре го игра реванш дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампиони, средбите од групата 1, чиј организатор и домаќин треба да е Вардар, ќе се играат на 21 и 22 април.

Дуелите од останатите три групи ќе се играат во Скопје, и тоа денеска на програмата се осминафиналните средби, а победниците утре ќе играат во четвтфиналните мечеви преку кои ќе се обезбеди пласман на завршниот „Фајнал фор’’ турнир, кој на програмата е на 16 и 17 мај.

Комплетни двојки и сатница на одигрување на натпреварите:

Група 2 (домаќин Пролет): 
16:00 Лозари – Металург 2 
18:30 Пролет – Работнички 
1/4 финале – недела од 18:30 часот

Група 3 (домаќин Вардар јуниор): 
11:00 Преспа – Пелистер и 
13:00 Зомимак - Вардар јуниор
1/4 финале – недела од 19 часот

Група 4 (домаќин Металург): 
10:30 Металург – Феникс 
13:00 Текстилец – Радовиш 
1/4 финале – недела од 17:30 часот.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега