Балотели најмногу навредуван на социјалните мрежи
Студијата на групата „Кик ит аут“ покажува дека Балотели помеѓу минатиот август и март оваа година, добил повеќе од 8.000 дискриминирачки пораки на социјалните мрежи, од кои 52% биле на расна основа.
Балотели дури 4.00 пати бил навредуван на расна основа.
Зад него според статистиките се наоѓа напаѓачот на Арсенал, Велбек, па напаѓачот на Ливерпул Даниел Стариџ.
Клубовите во Премиер лигата и нивните играчи преку социјалните мрежи примиле повеќе од 130.000 навредливи пораки, од кои Челзи дури 20.000.
-Нивото на насилство е навистина запрепастувачко, се наведува во соопштението на „Кик ит аут“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа