Обрван го објави списокот со 28 ракометари за дуелите со Франција

 

Македонската ракометна репрзентација квалификациите за Европското првенство 2016 година ќе ги продолжи со двата дуела против светскиот, европски и олимписки шампион Франција. За дуелите со „триколорите“ селекторот Ивица Обрван повика 28 ракометари, а неколку дена пред дуелите за подготовките најверојатно ќе има „кратење“ на листата.

На листата се наоѓа и играчот на Зомимак М, Никола Маркоски, кој на последниот дуел од плеј офот против Металург заработи повреда на раката.

Список на пријавените ракометари: Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митевски, Стефан Кимевски (голмани), Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Владо Недановски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Златко Мојсоски (крила), Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Игор Павловски, Никола Маркоски (пикери), Филип Лазаров, Филип Талески, Марко Нелоски, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Никола Стојчевски, Горан Кузманоски, Кирил Лазаров, Ренато Вугринец, Влатко Митков, Лазе Мајнов (бекови).

Натпреварите со Франција се играат на 29.април во Скопје и на 3.мај во Тулуз.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега