Ал Сад му понуди седумгодишен договор на Чави
Катарскиот Ал Сад покажува дека не се шегува во намерата да го ангажира легендарниот Чави.
Интересот на катарскиот Ал Сад е потврден, стигна конкретна понуда за Чави, која тешко се одбива.
Иако финансиските детали на понудата се уште не се познати, сепак она што е познато е моделот и формата на понудата.
Ал Сад наводно е подготвен на Чави да му понуди седумгодишен договор, од кои три би ги поминал како фудбалер и тренер на нивната академија, а потоа следните четири би ја имал улогата на амбасадор на тимот, или тренер доколку се укаже таква можност.
Имено, амбициозниот Ал Сад планира да го ангажира Гвардиола за тренер, но Каталонецот изјави дека во неговата работа парите не му се пресудни, па доколку оваа идеја пропадне тогаш Чави би бил предводникот од клупата.
Од следната сезона во овој катарски тим би требало да настапува и напаѓачот на Еспаљол Серхио Гарсија што претставува уште еден податок дека Ал Сад не се шегува.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа