ВИДЕО: Како Суарез направи Давид Луиз да изгледа како мало дете

 

Давид Луиз дефнитивно испадна најголем трагичар во поразот на ПСЖ од Барселона со 3:1.

Луис Суарез во два наврати направи Луиз да изгледа како мало дете протнувајќи ја топката низ неговите нозе, а потоа ги постигна двата решавачки голови за Барселона.

Иронија на целата приказна е дека Бразилецот воопшто не требаше да игра бидејќи се опоравува од повреда, но во игра влезе на местото на Тиаго Силва кој мораше да се пресели на клупата поради повреда.

По сето ова се добива заклучок дека подобро ќе беше Давид Луиз воопшто да не влезеше во игра.

Погледнете што му направи Суарез на Бразилецот.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега