ВИДЕО: Пандев асистент, реми на Галата против Манисаспор
Македонскиот интернационалец Горан Пандев го одигра целиот меч во дресот на Галатасарај против Манисаспор во рамките од Купот на Турција.
Галатасарај одигра 1:1 на гостувањето кај Манисаспор, но обезбеди пласман во следната фаза во Купот на Турција благодарејќи на победата на домашен терен со 4:0 остварена минатиот месец.
На тој меч Пандев постигна два гола, а синоќа беше асистент при постигнувањето на водечкиот гол на Галатасарај во првата минута од натпреварот, а погодокот беше дело на Куртулуш.
Во 77-та минута Туран погоди за 1:1 што воедно беше конечен резултат.
Македонскиот интернационалец Горан Пандев максимално ја користи секоја шанса која му се укажува од тренерот во Купот на Турција. Тој со седум погодоци е еден од најдобрите стрелци во ова натпреварување.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа