Mанџукич призна дека Карвахал не го гризнал

 

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Марио Манџукиќ се стави во одбрана на фудбалерот на Реал Мадрид Дани Карвахал кој наводно го гризнал во текот на првиот меч од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Хрватскиот фудбалски интернационалец на својот твитер профил напиша дека немало никакво грзинување.

„Нема причина за полемика бидејќи Карвахал не ме гризна“, рече Манџукиќ, кој на  тоа додаде дека натпреварот на „Винсенте Калдерон“ бил интересен за двете екипи.

На Интернет се појавија и слики на кои Карвахал наводно се обидува да го гризне Манџукиќ.

Инаку Карвахал исто така преку друштвените мрежи порача дека тоа не се случило.

Првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Атлетико и Реал Мадрид заврши без голови, а реваншот се игра во среда на „Сантијаго Бернабе“.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега