Касиљас останува во Реал уште две години
Капитенот и голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас, рече дека нема да замине од мадридскиот клуб пред 2017-та година, кога му истекува договорот.
„Сакам да останам во Реал Мадрид и да го одработам договорот“, вели искусниот шпански репрезентативен голман.
„Потоа ќе седнеме и ќе донесеме одлука, а што се однесува до мене до крајот на кариерата би играл во дресот на Реал Мадрид“, рече Касиљас за клупскиот сајт.
Тој порача дека неговиот тим можел да избори подобар резултат во првиот меч од четвртфиналето од Лигата на шампиони против мадридскиот Атлетико.
„Во првото полувреме имавме многу прилики, но Облак беше фантастичен“, додава предводникот на Реал од Мадрид.
„Се е отворено, шансите за успех и натаму се отворени и верувам дека пред нашите навивачи ќе забележиме победа“, заклучи капитенот на кралскиот клуб.
Касиљас целата кариера ја помина во Реал од Мадрид каде за првиот тим одигра 717 натпревари и освои пет титули во Примера, три од Лигата на шампионите, две во Купот на кралот, четири Суперкупа на Шпанија, два УЕФА Суперкупа и две Светски клупски првенства.
За фудбалската репрезентација на Шпанија Касиљас досега настапи рекорден 161 пат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа