Ѕвезда на американската NFL осуден на доживотен затвор
Поранешниот член на тимот Њу Ингланд Патриотс, 25-годишниот Арон Хернандез, ѕвезда на американската фудбалска лига NFL, е осуден во средата на судот во Бостон на доживотен затвор поради убиство со предумисла на својот пријател Один Лојд во јуни 2013 година.
Убиениот, 27-годишниот поранешен полупрофесионален фудбалер Один Лојд, бил партнер на сестрата на Арон Хернандез со која имал мало дете. Хернандез го убил бидејќи знаел премногу за инцидентот и пукањето во коешто чествувал во 2012 година.
Обвинителството истакна дека фудбалерот го планирал убиството, а потоа се обидувал сето тоа да го сокрие. Хернандез тврдеше дека не е виновен, но и покрај тоа го очекува доживотна казна затвор, без право на помилување, според одлуката на големата порота на сојузната држава Масачусетс. Притоа, исто така, е прогласен за виновен и осуден на неколкугодишна затворска казна за незаконско поседување огнено оружје и нелегално поседување муниција.
Хернандез беше еден од најголемите млади таленти во NLF лигата и имаше петгодишен договор со Патриотс вреден дури 40 милион долари. По сознанието за обвинувањето, клубот го раскина договорот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа