И тоа го има, скандал во шах
Грузијскиот шаховски велемајстор Гаиоз Нигалидзе е исфрлен од еден меѓународен турнир бидејќи било потврдено дека лажел.
Тој во паузата меѓу партиите на Отвореното првенство бил во тоалет, каде на телефонот ја прегледувал тактиката, а потоа го криел под тоалетната хартија.
Така, грузискиот шампион се користел со илегални методи во текот на мечот со ерменскиот велемајстор Тигран Пертосијан и поради тоа му се заканува суспенизја од 15 години од шахот.
Инцидентот е откриен затоа што Нигалидзе му бил сомнителен на неговиот противник поради честите заминувања во тоалет.
Иако потоа негирал дека телефонот е негов, имало апликација за анализа на шаховскиот натпревар кој што го играл.
Како и да е, ова за волја на вистината не прв пат, шахистите да се служат со нефер игра.
Во јуни 2013-та година Борислав Иванов од Бугарија оправдано беше суспендиран на четири меча кога било откриеноно дека неговите шаховски потези биле исти како на неден од најдобрите шаховски компјутерски програми.
А претходно во 2008-та година, еден Иранец беше супендиран бидејќи преку смс порака добил помош како да одигра.
Се бара заострување на правилата на Светската шаховска федерација со кои шахистите копи прават вакви престапи би биле казнувани со двегодишна суспензија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа