ВИДЕО: За влакно избегна смрт!
Многу, многу среќа имаше Тод Филипс, кој за влакно избегна смрт на трката Индикар, кога Франческо Драконе возач на екипата Дејл Којн Рејсинг поради дождот и лизгавата патека лошо влезе во пит-стопот.
Неговиот автомобил при кочењето пролизга и во тој момент го „собра“ својот механичар, а овој прелетувајќи преку автомобилот заврши на патеката.
Сепак, за среќа се добро се заврши и Тод Филипс помина само со повреди на лицето и расекотина на носот.
Оцени ја веста
15.04.2015 - 22:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа