ФОТО: Манџукиќ и неговата тетоважа поради која му се смеат сите!
Хрватскиот напаѓач и член на Атлетико Мадрид Марио Манџукиќ е ѕвезда на денот.
Тој се најде во центарот на вниманието на синоќешниот меч против Реал Мадрид поради раскрвавеното лице по ударот на Серхио Рамос, а потоа беше удрен од Карвахал, кој дури се обиде да го гризне.
Денеска, Манџукиќ повторно се најде во ценарот на вниманието, но поради тетоважа.
Имено, се ќе беше во ред доколку тетоважата не беше погрешно, односно наопаку напишана, а тоа го утврдил еден израелски новинар откако го анализирал напишаното.
Новинарот Мајкл Јоких за ЕСПН открил дека тетоважата е напишана на хебрејски јазик и напишана е погрешно.
Идејата на Манџукиќ била тетоважата да гласи: Она што нема да те убие, ќе те направи посилен.
Сепак, во неговата тетоважа има граматички грешки и напишана е наопаку, па гласи:
-Нелисоп иварпан ет еќ, еибу ет ад амен отш ано!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа