Дури 35 кандидати за селектор на Македонија

 

За кандидат на селектор на Македонија евидентирани се дури 35 апликации, по отказот на Бошко Ѓуровски.

Многу кандидати, а само едно место. Македонија е интересна за странците, а според информациите кои ги објави новинската агенци „Анадолија“ на адреса на Фудбалската федерација пристигнале дури 35 апликации за селекторската позиција, нешто по желба на ФФМ, а нешто на иницијатива на самите тренери.

Според информациите во наредните неколку денови првиот човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски списокот треба да го скрати на пет имиња, а од тие пет имиња Управниот одбор ќе назначи нов селектор.

Новиот селектор сигурно ќе биде странец и најверојатно ќе биде проверено фудбалско име од просторот на државите на поранешна Југославија.

Како наследници на Бошко Ѓуровски се спомнуваат поранешниот селектор на БиХ Фарук Хаџибегиќ, потоа поранешниот селектор на Србија Љубинко Друловиќ, а кандидат е поранешниот тренер на Црвена Звезда и селектор на Словенија Славиша Стојановиќ.

Сепак, според агенцијата „Анадолија“ сериозен кандидат за селекторската позиција е и Мехо Кодро, актуелен тренер на ФК Сараево и поранешен играч на Барселона кој има одлични пријателски односи со првиот човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски.

УО на ФФМ одлуката за новиот селектор треба да ја донесе најдоцна во рок од три недели.

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега