ФОТО: Подгответе се за спектакл, Меси и Роналдо во ист тим?!

 

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ на својата насловна страница објави дека наскоро би можеле да ги видиме Кристијано Роналдо и Лионел Меси во ист тим.

Имено, се шпекулира дека УЕФА по примерот на НБА планира да организира Ол –стар мечеви каде ќе се сретнат тимовите составени од играчи од најсилните лиги од јужниот дел на Европа (Примера, Серие А и Лига 1) северниот дел (Премиер лига, Бундеслига и руската Премиер лига).

Познато е дека НБА традиционално организира Ол-стар мечеви помеѓу најдобрите тимови од источната и западната конференција, што секако претставува одлична идеја за УЕФА.

Сепак, најважен детал на таа идеја е дека најдобриот фудбалер на денешницата Кристијано Роналдо и неговиот лут ривал Лионел Меси би можеле да заиграат во ист тим.

УЕФА оваа идеја веќе им ја претставила на водечките европски клубови, а според шпекулациите ваков Ол-стар меч би можеле да го очекуваме за наредната година или во 2017-та.

„Мундо Депортиво“ исто така направил два тима за Ол-стар мечот наведе како би можеле да изгледаат тие екипи доколку овој натпревар би се одиграл оваа година.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега