Хамилтон прогласен за насилник, ја испрскал хостесата со шампањско!
Конфликтот со клупскиот колега Розберг не му беше доволен, па шампионот на Ф1 Лус Хамилтон се најде на удар на јавноста, бидејќи при прославата на победата на трката за Големата награда на Кина со шампањско испрскал една хостеса.
Британецот претходно истото го стори на минатогодишната трка во Шпанија, а на социјалните мрежи Хамилтон практично е прогласен за насилник и му беше порачано дека би требал со поголемо почитување да се однесува со припадничките на понежниот пол.
Сето ова не би било чудно, да не беше нормално во некои други спортови. На пример во Мото ГП шампионатот, познато е дека е пракса прскањето на хостесите. На пример, сите знаат дека деветкратниот светски првак Валентино Роси при секоја победа слави со прскање на хостесите со шампањско и тоа на сите им е нормално и прифатливо.
Сепак, се чини дека во Формула 1, не е така.
Овогодинешниот шампионат на Ф1 продолжува во недела со трката за Големата награда на Бахреин.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа