Русите штедат и на стадионите за Светското првенство

 

Владата на Русија одлучи да заштеди средства со намалување на увозот на материјали потребни за изградба на пет стадиони за Светското првенство 2018 година.

Рубљата од почетокот на годината загуби една третина од својата вредност во однос на доларот, така што увозните материјали за изградба на стадиони се многу поскапи отколку што беше планирано.

Владата на Русија поради тоа издаде налог да се променат договорите околу јавните набавки за пет нови стадиони.

Промените предвидуваат увозните да се заменат со домашни материјали, како и каде е можно, да се поедностави дизајнот на стадионите.

Русија претходно поради економската криза одлучи да гради помал број на хотели кои се наменети за Мундијалот.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега