ВИДЕО: Ибрахимовиќ хотелски носач на багаж
На интернет се појави видео со Златан Ибрахимовиќ, во многу поинаква улога каква што сме навикнале да го гледаме.
Имено, видеото е направено и емитувано во 2002.година на доделувањето на фудбалските новогодишни награди, а го опфаќа периодот кога Златан се уште играше за Ајакс.
На видеото се гледа како Ибрахимовиќ со глава постигнува гол за шведската репрезентација против Унгарија во 2002.година.
По постигнатиот погодок, напаѓачот паѓа на тревата и останува да лежи. Потоа следува сцена во која актуелниот фудбалер на ПСЖ облечен во хотелски носач на багаж се буди на скалите.
Му приоѓа вработен во хотелот и го прашува: Златан дали си добро, падна на скалите?!
-Јас сум професионален фудбалер, играм за Ајакс и репрезентацијата, го носам бројот девет, одговара Златан покажувајќи кон фотографијата закачена на ѕидот.
Колегата со чудење му одговара: Број 9 е Пепе Енг!
Станува збор за шведски ТВ водител, а видеото е направено во 2002.година за потребите на ТВ шоу за доделувањето на фудбалските награди.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа