Реал без победа против Атлетико во последните шест меча

Минатогодишните финалисти и големи мадридски ривали Реал и Атлетико вечерва ќе играат во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампиони.
Драматичното ланско финале, кое Реал го доби по продолженијата со 4:1, е веќе заборавено, а фудбалерите на двете екипи се насочени кон двомечот што претстои.
Но, по тој триумф Реал во шесте последователни натпревари против Атлетико нема ниту една победа, а Атлетико забележа дури четири триумфи.
Пред својата публика на стадионот „Винсенте Калдерон’’ Атлетико ги доби сите четири меча. Во Супер купот на Шпанија, кој го освои, во осминафиналето од „Копа дел Реј’’, како и во првенствениот дуел во Примера, додека на средбите одиграни на „Сантијаго Бернабеу’’ двата натпревари завршија нерешено.
Реал кој веќе петта сезона во низа е меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите, има четири победи во низ во елитното натпреварување кои пак за Атлетико ќе биде единственото во кое може да се надева на трофеј.
По повредата на скочниот зглоб, во тимот на Реал се враќа Велшанецот, Герет Бејл, како и Тони Крос и Хамес Родригез кои поради суспензија го пропуштија последниот меч во Примера против Еибар.
Атлетико пак ќе биде посилен за одличниот дефанзивец Диего Годин и играчот од средниот ред Тиаго, додека сеуште неизвесен е настапот на хрватскиот голгетер Манџукиќ кој имаше повреда на зглобот, а кој сезонава постигна два гола против Реал.
Дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе се игра утревечер од 20 часот и 45 минути, како и средбата Јувентус – Монако, додека ден подоцна (среда) на програмата се преостанатите две средби, ПСЖ – Барселона и Порто – Баерн Минхен.
Оцени ја веста
14.04.2015 - 10:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа