Триумф на Ливерпул против Њукасл
Последниот натпревар од 32.коло од Премиер лигата заврши со триумф на Ливерпул над Њукасл со 2:0.
„Црвените“ синоќа до победата стигнаа со головите на Рахим Стерлинг во 9.минута и на Џо Ален во 70.минута.
Со новите три бодови Ливерпул се проби на петтото место и има четири бодови помалку од шампионот Манчестер Сити и со тоа остана во борба за место во Лигата на шампионите.
На другите дуели од ова коло беа постигнати следниве резултати: Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити 4:2, КПР – Челзи 0:1, Барнли – Арсенал 0:1, Саутемптон – Хал 2:0, Сандерленд – Кристал Палас 1:4, Тотенхем – Астон Вила 0:1, ВБА – Лестер 2:3, Вест Хем – Стоук 1:1 и Свонси – Евертон 1:1.
Табела: Челзи 73 бодови, Арсенал 66, Манчестер Јунајтед 65, Манчестер Сити 61, Ливерпул 57, Саутемптон 56, Тотенхем 54,...
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа