Манчестер Јунајтед го надигра шампионот Манчестер Сити

 

Дербито на 32. коло од Премиер лигата воедно и градско дерби на Манчестер заврши со триумф на домашаната екипа Јунајтед над првакот Сити со 4:2.

Победата е уште повредна бидејќи Манчестер Сити поведе во 8.минута со голот на Кун Агуеро. Манчестер Јунајтед изедначи во 14.минута преку Ешли Јанг, а водство од 2:1 во 27.минута донесе Маруан Фелаини. Третиот гол за домашната екипа го постигна Хуан Мата во 67.минута, а на 4:1 зголеми Крис Смолинг шест минути подоцна. Конечните 4:2 ги постави Агуеро со својот втор гол на натпреварот во 89.минута.

На вториот натпревар одигран денеска Челзи како гостин со голот на Цеск Фабрегас го совлада КПР со 1:0.

Оваа рунда ќе биде комплетирана со утрешниот дуел меѓу Ливерпул и Њукасл.

На вчера одиграните дуели беа постигнати резултатите: Барнли – Арсенал 0:1, Саутемптон – Хал 2:0, Сандерленд – Кристал Палас 1:4, Тотенхем – Астон Вила 0:1, ВБА – Лестер 2:3, Вест Хем – Стоук 1:1 и Свонси – Евертон 1:1.

Табела: Челзи 73 бодови, Арсенал 66, Манчестер Јунајтед 65, Манчестер Сити 61, Саутемптон 56, Ливерпул 54, Тотенхем 54,... 

 

 

Оцени ја веста

13.04.2015 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега