Гонзалез: Мора да се подобриме за да имаме некаква шанса

По дуелот тренерот на Вардар, Раул Гонзалез истакна дека Вардарци не успеаја да го искористат водството кое го имаа.
- Водството кое го имавме не го искористивме. Имавме три голови разлика (15:12 - 44.минута), но тие трчаа повеќе, играа подобро и ги казнија нашите грешки. За таму мора да се подобриме, ако сакаме да имаме некаква шанса. Сега ќе биде многу тешко таму, ќе се обидеме да победиме на гости, но ќе биде тешко, рече Гонзалес.
Киелце и во претходната фаза (осминафиналето) победи на гости кај Монпеље, а потоа загуби на домашен терен.
- Секако дека можам да бидам среќен, но ова се само први 60 минути. Седум дена подоцна имаме уште еден многу тежок меч на домашен терен, тоа се нови 60 минути кои ќе бидат тешки како и овде. Се сеќавате како ни беше минатото коло со Монпеље, победивме во првиот меч со четири разлика, а потоа загубивме дома, изјави Талант Душебаев тренерот на Киелце.
Реванш натпреварот Киелце – Вардар се игра на 19 април во Киелце
Оцени ја веста
12.04.2015 - 13:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа