Ларвик со сите победи на завршниот турнир во Будимпешта
Ракометарките на Ларвик со максимален учинок победи на сите натпревари оваа сезона изборија пласман на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Будимпешта.
Тие синоќа во реванш четвртфиналето го победија Турингер со 36:18 и со вкупни 65:44 го елиминираа германскиот тим. Најефикасна со 8 голови беше Нора Мерк.
Норвешкиот првак Ларвик постигна победи на сите натпревари во групите и во двата четвртфинални дуели или вкупно 14 натпревари и 14 победи.
Последниот четвртфинален натпревар се игра вечерва европскиот вицешампион Будуќност е фаворит против Виборг бидејќи покрај предноста на домашен терен постигна победа на првиот дуел од 28:22.
Пласман во полуфиналето обезбедија и македонскиот шампион Вардар со елиминацијата на европскиот првак Ѓер, како и руската екипа Динамо Синара откако беше поуспешна од Баја Маре од Романија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа