ПСЖ го освои првиот трофеј во 2015 година
Екипата на ПСЖ го освои првиот трофеј во 2015 година откако во финалето на Лига купот одигран синоќа во Париз ја победи Бастија со 4:0 воедно успеа да ја одбрани титулата во ова натпреварување.
По два гола постигнаа Златан Ибрахимовиќ (прво полувреме) и Единсон Кавани (второ полувреме).
ПСЖ по петти пат победи во Лигата купот откако претходно триумфираше во 1995, 1998, 2008 и 2014 година.
Оцени ја веста
12.04.2015 - 12:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа