Кастратовиќ: Напорно работевме за овој дуел

По победата во Скопје од 24:18, вчера во Ѓер дуелот заврши 27:27, иако во поголемиот дел од второто полувреме ЖРК Вардар имаше водство.
- Напорно работевме за овој дуел и драго ми е што ракометарките одлично ги завршија поставените задачи. Среќни сме што ќе играме на завршниот турнир и тоа сосема заслужено, изјави тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ на прес-конференцијата.
Лани на „Ф4“ турнирот во Будимпешта ЖРК Вардар по продолжение загуби во полуфиналето од Будуќност, а потоа во натпреварот за третото место го победи Митјиланд.
Пласман во полуфиналето покрај ЖРК Вардар обезбедија уште Динамо Синара и Ларвик, а последниот тим ќе биде познат по дуелот Будуќност – Виборг (28:22 за Будуќност на првиот натпревар).
Оцени ја веста
12.04.2015 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа