Вардар го елиминира европскиот шампион Ѓер и се пласира во полуфиналето

 

Ракометарките на ЖРК Вардар втора сезона по ред ќе играат на завршниот турнир во Будимпешта во Лигата на шампионите. На реванш четвртфиналето со европскиот шампион Ѓер „вардарки“ изборија нерешен резултат 27:27 и со вкупен резултат 51:45 го елиминираа двократниот европски шампион.

До 10.минута резултатот беше изедначен (4:4), а потоа Ѓер направи серија од 6:2 во следните десет минути за 10:6 по 20 минути игра. Во овој дел од натпреварот Вардар имаше четири исклучувања, а Ѓер само едно. Во последните десет минути од првиот дел „вардарки“ ги консолидираа редовите и полувремето заврши со резултат 13:12. Од првите седум голови, Вардар четири постигна со ракометарка помалку.

На почетокот на вториот дел Вардар успеа да изедначи – 14:14 (34.минута), а во 37.минута Вардар преку Радичевиќ поведе со 16:15. Прво водство по воведните од почетокот на дуелот. Во продолжението Вардар пред се со цврстата одбрана ја зголемуваше предноста и во неколку наврати изнесуваше +3 за македонскиот шампион.

Најефикасна на дуелот беше Андреа Пенезиќ со 8 голови, додека Јованка Радичевиќ постигна 5, а голманките Ина Суслина и Амадин Лејно имаа по 7 одбрани.

Покрај Вардар пласман во полуфиналето избори и руската екипа Динамо Синара.

 

 

Оцени ја веста

12.04.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега