Вардар мисли само на победа против Кјелце

 

Вардар во сабота го игра најважнот меч оваа сезона, во СЦ „Јане Сандански“ гостува силниот тим на Кјелце.

Кјелце е последната пречка за ракометарите на Вардар на патот до посакуваниот фајнл-фор. Сите во таборот на македонскиот вицешампион веруваат во успех и победа со која би ги задржале шансите за пласман на самата завршница во Лигата на шампионите во пресрет на реваншот на гостински терен.

Во сабота тренерот на РК Вардар Раул Гонзалес ќе ги има сите ракометари на располагање, Чипурин се враќа во составот,  имаше време за подготовка и анализа на противникот, па останува само неговите избраници да истрчаат на теренот и да ја обезбедат посакуваната победа.

-Ова за нас е најважниот меч оваа сезона. Доколку го поминеме ова коло ќе играме на фајнл-фор, но ќе биде многу тешко, бидејќи играме против Кјелце, кој според мене е еден од најдобрите тимови во Лигата на шампионите заедно со Барселона и Кил. Тие имаат одлични играчи и мораме да бидеме концентрирани 60 минути. Ова ќе биде само прво полувреме, бидејќи има и реванш. Имаме време да се одмориме, да се подготвиме најдобро што можеме и мислам дека сме подготвени за предизвикот, изјави тренерот на РК Вардар Раул Гонзалес.

Капитенот на Вардар Филип Лазаров очекува тежок меч, но верува дека тој и неговите колеги можат да одговорат на овој голем предизвик.

-Пред почетокот на сезонара поставивме цел да се пласираме на фајнл-фор, иако знаеме дека тоа многу тешко. Стигнавме до последниот чекор, каде не чека Кјелце, тим за кој не треба да се трошат зборови колку се квалитетни. Тие се на ниво на Барса и Кил според играчкиот и тренерскиот кадар. Ние се трудиме да се концентрираме на нашата игра и да се обидеме да повториме една од неколкуте одлични партии оваа сезона, пред домашната публика. Ќе се обидеме да одиграме најдобро што знаеме и да стигнеме до победа која ќе ни ги одржи шансите пред реваншот за пласман на фајлн-фор, вели капитенот на Вардар Филип Лазаров.

Во сабота ќе биде поставен видео бим на платото пред салата „Јане Сандански“ каде сите љубители на ракометот ќе можат да ги проследат натпреварите на ЖРК Вардар против Ѓер и РК Вардар против Кјелце.

Инаки, дуелот помеѓу Вардар и Кјелце се игра во сабота со почеток во 19:00 часот, а салата „Јане Сандански“ е целосно распродадена.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега