Вардар подготвен за најважниот натпревар сезонава

 

Македонскиот вицепрвак Вардар в сабота е домаќин на полскиот првак Киелце во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите.

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес за овој меч вели дека е најважниот во досегашниот тек од сезоната.

- Ни претстои најважниот натпревар сезонава. Сакаме да се пласираме на „фајналфор“, меѓутоа играме со голема екипа каква што е Киелце. Според мене овој тим заедно со Барселона и Кил се меѓу најдобрите во Европа. Имавме доволно време да се подготвиме, но ова е само прв натпревар, 60 минути кои се играат во Скопје, второто полувреме е во Полска. Мора да играме максимално концентрирано во текот на целиот натпревар. Играме на наш терен, а знаеме каква е атмосферата во Скопје, изјави Гонзалес.

И капитенот Филип Лазаров очекува многу задача да се помине  последната пречка пред завршниот турнир.

- Стигнавме до последниот чекор кој по правило е најтежок. Киелце е на ниво на Барселона и Кил и според играчкиот кадар и според квалитетот на тренерската позиција. Ќе се обидеме да ја повториме најдобрата партија и да извојуваме победа која што ќе не остави во игра за полуфиналето, истакна левиот бек на Вардар.

Натпреварот Вардар – Киелце почнува од 19 часот во СЦ „Јане Сандански

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега