ФОТО: Антиќ со лисици на рацете го водат во станица!
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ и уште еден негов колега од Атланта хокс биле уапсени во клубот „1 OAK Челзи“ поради инцидент во кој поранешен член на Њујорк никс, кој сега игра во Индијана Пејсерс, е прободен со нож во стомакот, а неговата сопруга била исечена за време на расправија во клубот во Њујорк.
Напаѓачот на Крис Коупленд е уапсен, а други два члена на Атланта хокс, нашиот Перо Антиќ и Табо Сефолоша, исто така се приведени поради обид да ја спречат полицијата да пристапи до местото на тепачката, велат полициски извори за „Нујорк дејли њуз“.
По овие информации, спортскиот новинар Џаред Зверлинг на Твитер објави информации дека повредената жена не му е сопруга на Коупленд туку дека му била само пријателка и поранешна свршеничка.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа