Игра во славен клуб, а живее од џепарлакот на родителите

 

Уваренко во јануари од Вентспилс се пресели во ЦСКА, но досега не земал ниту една плата.

Латвискиот голман Максимс Уваренко (28) кој во моментов е член на ЦСКА од Софија признал дека живее од џепарлакот на родителите.

Уваренко во јануари од Вентспилс се пресели во ЦСКА, но досега не земал ниту една плата.

-Недостатокот на пари ми е најголемиот проблем со кој се соочив од кога стигнав во ЦСКА. Се уште не сум земал ниту една плата, а во клубот сум веќе три месеци. Сопругата и јас чекаме дете и не можеме да си дозволиме да живееме без пари. Бев принуден да земам малку пари од моите родители за да платам кирија, вели Уваренко.

ЦСКА два пати во историјата беше полуфиналист во Купот на шампионите, а 31 пат беше национален првак. Овој клуб се наоѓа во големи финансиски проблеми.

 

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега