Агуеро: Меси сакаше, но не можеше

 

Фудбалскиот репрезентативец на Аргентина Серхио Агуеро застана во одбрана на својот соиграч Лионел Меси.

Агуеро го брани Меси бидејќи поради повреда го пропушти пријателскиот дуел со репрезентациите на Салвадор и на Еквадор.

Репрезентацијата на Аргентина запиша два триумфа за тимот на натпреварите.

Како и да е, Меси беше изложен на критики во родниот крај бидејќи не беше на теренот со колегите од селекцијата.

 Од друга страна, беше со тимот во Соединетите Држави, поради повреда на стапалото.

„Лео сакаше да игра, како и секогаш, но не можеше“, вели членот на Манчестер Сити.

„Меси има оток на ногата и не можеше ни да се потпре на неа“, додава Аргентинецот.

„Тој беше нервозен бидејќи сака да игра, но селекорот Мартино не сакаше да ризикува додека во потполност не се опорави“, рече Агуеро, а пренесува „Марка“.

Шпанските медиуми наведуваат дека Меси ќе биде подготвен за гостувањето на Барселона во Селта, во недела од 21 часот во градот Виго.

Меси моментно е прв стрелец во Примера со 21 погодок, еден повеќе од второпласираниот Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега