ФОТО: Македонски фудбалски резил на Филип Втори
Можеби знаете иако многумина сигурно не знаат, но вечерва Македонија играше фудбал против репрезентацијата на Австралија на Филип Втори. Луѓето дојдоа од другиот крај на светот за да изиграат пријателски натпревар со нас, но македонскиот фудбал, очигледно со години веќе никој не го есапи па погледот на трибините на ФИлип Втори беше во црвено жолта боја. Имаше најмногу празни седишта или нешто повеќе од 30.000, а само нешто помалку од 2.000 места беа зафатени.
Но не може да и се замери на публиката. Со години на овој стадион не може да се види ништо интересно (се разбира ако не дојде некој пејач од соседството)
И да, за малку ќе заборавевме. Натпреварот го оправда интересот на публиката. По 90 минути 0:0
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа