Нема финале за Вардар

 

СЕХА лигата сезонава ќе добие нов првак, а Вардар ќе се бори за третото место, откако во полуфиналето на Ф4 турнирот во Веспрем, „црвено-црните" загубија со 28-32 (11-16) од Мешков.

„Црвено-црните“ не успеаја да бидат единствениот тим во Регионалната лига што успеал четирипати по ред да се пласира во финалето. Во репризата на ланското финале од Ф4 турнирот во Нови Сад, сега Мешков успеа да возврати и првпат да биде финалист.

Прибак и Тоскиќ беа најефикасни во таборот на Вардар со по пет погодоци, додека Душебаев постигна четири.

Во борба за трето место Вардар ќе го чека поразениот од следниот дуел меѓу Веспрем и ППД Загреб што се игра вечерва.

Дуелот за трето место е во недела од 15,30 часот.

 

 

Оцени ја веста

27.03.2015 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега