Лазаров: Дојдовме да ја одбраниме титулата
Вицешампионите на Македонија денес допатуваа во Унгарија, каде во петок ќе го одиграат натпреварот против Мешков Брест во рамки на СЕХА лигата.
Вардарците сакаат да ја освојат третата титула во четвртото издание на СЕХА лигата.
-Морамо максимално да се фокусираме за да победиме, знаеме како поминавме минатиот пат во Брест. Имаат сјаен тренер, контра и одбрана, така да ќе биде тешко, вели тренерот на црвено-црните Раул Гонзалес.
Капитенот на Вардарците Филип Лазаров, пак, вели дека се дојдени , како и минатата година да ја освојат СЕХА лигата.
-Секако дека Лигата на шампионите е приоритет, но тоа не значи дека не ни е важен трофејот во регионалното натпреварување. Ќе дадеме сè од себе, иако сме без Брумен, Дибиров и Абутовиќ. Ќе повторам, дојдовме да ја одбраниме титулата.
Полуфиналниот натпревар од Ф4 завршницата на СЕХА лигата меѓу Вардар и Мешков ќе се игра во петок во 17:45 часот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа