Ѓуровски: Со цврста одбрана и подобра реализација одиме на победа против Белорусија

 

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски во пресрет на утрешниот дуел со Белорусија изјави дека неговите избраници имаат сили и квалитет да ги освојат трите бода.

- Со Белорусија ќе се бориме до крајот на квалификациите за четвртото место, но со победа на утрешниот натпревар ќе направиме притисок врз третопласираната Украина. Задоволен сум од играта на претходните мечеви, но имаме проблем со реализацијата. Прикажаното овие денови од играчите во нападот и средниот ред ми даваат надеж дека утре можеме да бидеме добри, рече Шуровски на денешната прес-конференција.

Македонија на овој дуел ќе настапи без повредените Марио Ѓуровски и Аријан Адеми и со освежување во составот со неколкумина нови фудбалери.

- Нормално е за една репрезентација да има три-четири нови имиња по една година на резултати под очекувањата. Не бев задоволен од реализацијата во нападот на претходните натпревари, па затоа сега ќе имаме одредени промени. Ги имаме тука Ибраими, Трајковски, Хасани, Велкоски, Блажевски кои се играчи што можат да постигнат погодок. Од друга страна, не смееме повеќе да примаме наивни голови. Доста е со тоа. Мора да ја подобриме концентрацијата во одбраната. Мораме да бидеме цврсти, агресивни и да си помагаме, за на крај да ја постигнеме целта, истакна македонскиот селектор.

Натпреварот Македонија – Белорусија се игра утревечер на Националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20 часот и 45 минути и е во рамките на квалификациите за ЕУРО 2016.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега