Белорусија мора да падне на „Филип Втори“

 

Македонската фудбалска репрезентација утре вечер ги продолжува квалификациите за пласман на ЕП во 2018-та, а противник е селекцијата на Белорусија.

Со неколку повратници и нови имиња, селекторот на Македонија Бошко Ѓуровски ќе се обиде да и ја донесе втората победа на нашата репрезентација во овие квалификации.

На четири одиграни натпревари „црвено-жолтите“ забележаа три порази и само една победа, онаа во Скопје против Луксембург од 3:2.

Македонија во овие квалификации на четири одиграни натпревари прими 10 голови, а од друга страна на последните два меча против Украина и Словачка нема постигнато ниту еден гол.

-Со Белорусија ќе водиме битка до крајот на квалификациите за тоа четврто место, но со победа на утрешниот меч можеме да ја притиснеме Украина која се наоѓа на третата позиција. Ја сум задоволен од играта на претходните мечеви, но имаме проблем со реализацијата. Според она што го видов во изминатите неколку денови фудбалерите за врска ми даваат надеж и оптимизам за дуелот со Белорусија. Со играчи  како што се Велкоски, Блажевски, Ибраими, Абдурахими и нивната форма можеме да се надеваме на позитивен резултат. Во одбраната мораме да бидеме агресивни и солидарни, да се бориме сите заедно да стигнеме до победа, изјави селекторот на Македонија Бошко Ѓуровски.

Македонските дефанзивци Ванче Шиков и повратникот во репрезентацијата Бојан Марковски веруваат во успех против Белорусија.

-Не очекува тежок натпревар против Белорусија. Сите сме подготвени, атмосферата е одлична и секако со една борбена игра се надеваме на победа. Очекувам поддршка од навивачите и со нивна помош до триумф против Белорусија, вели Шиков.

-Во изминатите неколку денови го анализиравме противникот, нивните предности и мани. Тие се еден искусен тим, но доколку го испочитуваме договореното со селекторот мислам дека можеме до победа, вели Марковски.

 

Натпреварот се игра во петок со почеток во 20:45 часот на арената „Филип Втори“.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега