Официјално: Симеоне останува тренер уште пет години
Аргентинецот Дијего Симеоне ќе биде тренер на Атлетико Мадрид до 2020-та година, потврдено е на клупскиот сајт.
За договорање на соработката се зборуваше подолго време, а во сега веќе се официјално.
„Клубот расте и одлучив да останам“, вели одличниот фудбалски стручњак од Аргентина.
„Убеден сум дека клубот ќе продолжи на се надградува, го гледам уште посилен и со повеќе ентузијазам“, рече 44-годишниот Аргентинец чиј што претходен договор истекува во 2017-та година.
Симеоне е некогашен играч на Атлетико, а од 2001-та година од кога е тренер освои неколку трофеи во Лигата на шампионите, континенталниот Суперкуп, Купот на кралот, Премиерот и шпанскиот Суперкуп.
Минатата сезона „јорганџиите“ изгубија во финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид со кого оваа сезона играат во четвртфиналето.
Се шпекулираше дека Симеоне тренерската кариера ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен или Манчестер Сити, но сепак тој остана верен на клубот од својот „Винсенте Калдерон“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа