ВИДЕО: Навивачот што го нападна Бејл доби забрана за влез на стадион

 

Навивачот на Реал Мадрид, кој вербално ги напаѓаше играчите, а потоа и физички се обиде да го сопре Герет Бејл удирајќи по неговиот автомобил, доби забрана за пристап на стадионот „Сантијаго Бернабеу’’, соопштија од мадридскиот клуб.

Воедно, Реал од шпанската Комисија против насилство, побара да се поведе постапка и против уште двајца „навивачи„ кои ги чекаа фудбалерите да завршат со тренинг, а потоа грубо и вербално ги нападнаа.
 
Ваквата реакција на „Кралскиот’’ клуб следува откако шпанските медиуми вчера, објавија фотографии и видео снимки, на кои се регистрирани бесните навивачи кои ги чекаат фудбалерите на Реал пред тренинг центарот.
 
Незадоволството кај овие „навивачи„ беше последица на поразот кој Реал го претрпе на гостувањето на „Камп Ноу’’ каде загуби од Барселона со 2:1 во дерби дуелот од 28.коло на Примера, по што каталонската екипа веќе создаде четири бода предност од Реал во трката за шампионскиот трофеј.
 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега