ВИДЕО: Дали Костиќ е новиот Бејл?

 

Бројни медиуми од Германија се воодушевени од играта на младиот Филип Костиќ во неговата дебитанска сезона во Бундеслигата.

Квалитетниот српски крилен напаѓач е една од ретките светли точки на Штутгарт оваа сезона, со еден погодок и три асистенции на одиграни 23 натпревари.

Изминатиот викенд клубот успеаа да го совладаат Ајнтрахт со 3:1, а Костиќ кој од клупата влезе во 58-та минута ги воодушеви сите со асистенцијата кај третиот гол, кога многу брзо претрча пред ривалот по левата страна на теренот.

„Дали ова е српскиот Гарет Бејл?“, гласеше коментарот на германските медиуми за продорот на Костиќ кој по доаѓањето во Бундеслигата од Холандија е означен како „новиот Робен“.

На Штутгарт му претстои тешка борба за опстанок бидејќи е псоледен на табелата, со само два бода од сигурната зона.

 

Во меѓувреме, ќе настапи за сениорската репрезентација на Србија во мечот со Португалија во квалификациите за Европското првенство.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега