Сега сите го сакаат Михајловиќ

 

Поранешниот српски фудбалер, а сега тренер, Синиша Михајловиќ со неговата Сампдорија се вистински хит во италијанската Серие А.

Со не толку познати фудбалски имиња, Михајловиќ успеа од Сампдорија да направи солиден тим, кој конкурира за пласман во Лигата на шампионите.

Поради тоа неколку големи клубови би сакале да го видат Србинот на нивната клупа.

Последен во низата кој ќе се обиде да го ангажира е Рома која по завршувањето на сезоната ќе направи мини реконструкција. Освен тренерот Гарсија, клубот ќе го напушти и спортскиот директор Валтер Сабатини.

Според нивните планови, нов тренер би бил Михајловиќ, а спортски директор Марко Бранка кој порано соработувал со Србинот кога беа дел од Интер.

Своевремено Михајловиќ играше за Рома (1992-1994), настапи на 79 натпревари и постигна седум голови, пред да се пресели во Сампдорија.

Италијанските медиуми пишуваат дека освен Рома, за тренерските услуги на Михајловиќ се заинтересирани Милан, Интер, Манчестер Сити и Наполи.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега