Кристијано Роналдо е казнет!
Најдобриот светски фудбалер и член на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се соочува со казна поради провокативно прославување на голот постигнат на дербито со Барселона одиграно во неделата на „Камп Ноу“.
Португалецот по изедначувачкиот погодок гестикулираше кон домашните навивачи да се смират.
- Мораме да бидеме претпазливи доколку играчот слави гол на провокативен начин или со било какво однесување кое може да предизвика насилство кај навивачите. Таквите нешта мора да бидат санкционирани, како парични така и со суспензија. Ќе го истражиме случајот, изјави Хавиер Тебас, претседател на Примера.
Реал го загуби натпреварот со 2:1 и сега заостанува зад лидерот Барселона за четири бода.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа